Зголемувањето на
царините ќе го отежне одржувањето на ниските цени, изјави извршниот директор
Џеспер Бродин, компанија која стои зад продавниците за мебел Икеа.
Така тој се
приклучи на се поголемиот број деловни луѓе кои предупредуваат на потенцијални
поскапувања поради плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд
Трамп да ги зголеми увозните давачки, објави Си-Ен-Ен.
„Не веруваме дека
царините ќе ја подобрат трговијата на меѓународните компании, бидејќи секогаш
постои ризик таа да заврши на сметките на клиентите“, изјави извршниот директор
на Групацијата Ингка, во пресрет на отворањето на Продавница на Икеа во Лондон.
Тој посочи дека
царините само го отежнуваат одржувањето на ниските цени на производите и ги
прават достапни за што поголем број луѓе.
„Никогаш не сме
имале корист од високите царини, но тоа е надвор од наша контрола, па ќе мораме
да се прилагодиме“, рече тој, мислејќи на Икеа.
Во понеделникот
Трамп вети големо зголемување на тарифите за стоките што доаѓаат од Мексико,
Канада и Кина.
Официјални лица
од тие земји предупредија дека таквиот потег само ќе им наштети на економиите
на сите вклучени, вклучително и на Соединетите држави.