Ние денеска имаме еден проект којшто се уште за жал не е почнат да се гради, лопата не е фрлена, шајка не е закована, а се потрошени повеќе од 200 милиони евра. Тоа се доволно пари за да може најголем дел од вашите барања да бидат задоволени, но за жал овие пари завршија во приватни џебови и во џебови на корумпирани политичари. Тоа се пари кои што треба да завршат кај граѓаните во случајот дел кај пензионерите, дел кај другите и така натаму. Но, тие завршуваат таму каде што не треба да завршат, тоа е само како мал дел, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На крај, претседателот Мицкоски им порача на пензионерите дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите на пензионерите.
Ние, како ВМРО-ДПМНЕ не можеме да излеземе во јавноста и да ветуваме чуда. Прво, не ни дозволува нашиот карактер, нашиот минат труд и на крај ние не сме чудотворци, но можеме да ви ветиме дека ќе биде многу, многу подобро од тоа што е сега, и можеме да ви ветиме дека дел од овие средства кои што се наменети за богатење на корумпирани политичари ќе завршат кај вас. Како ќе завршат? Преку зголемени пензии, изјави Мицкоски.
Зголемениот данок за луксузни производи се претвори во повисок данок за основните производи