Францускиот производител на гуми Мишелин најави дека ќе укине 1.500 работни места во Германија.
Тој се одлучил на тој чекор под притисок на високите трошоци за производство и конкуренцијата од земјите со ниски плати, пишува магазинот Феникс, а пренесува Б92.
Компанијата постепено ќе го прекине производството во погоните во Карлсруе и Трир до крајот на 2025 година. Планот е и да се запре производството на нови гуми за камиони и полупроизводи во Хомбург.
-Плановите ќе опфатат вкупно 1.532 работници во Германија, објави Мишелин. Центарот за корисници ќе биде преместен од Карлсруе во Полска, што ќе значи губење на работни места за 122 работници, пишува магазинот „Феникс“.
Поради најавените кратења на работните места, компанијата ќе регистрира резервација од 425 милиони евра во консолидираните финансиски резултати за 2023 година.
Мишелин ја објаснува одлуката со увоз на евтини гуми за камиони од земји со ниски плати и зголемени трошоци за производство, за кои тврдат дека го намалиле нивниот удел на пазарот и и наштетиле на нивната конкурентност.
„Посветеноста на нашите вработени, напредокот во компанијата и инвестициите направени во изминатите години во активностите во тие погони повеќе не можат да го компензираат силниот притисок на конкуренцијата“, рече шефицата на северноевропскиот регион на Мишелин, Марија Ретгер. .
Мишелин ќе им помогне на работниците да најдат нови работни места, рече Ретгер.
Раководството во моментов е во разговори со работничките совети и синдикатот IG BCE за алтернативи за користење на фабриката во иднина.
Фото: Шутер