Туркиш ерлајнс закажа летовите и пушти во продажба билети за летовите меѓу Истанбул и Охрид за летната сезона 2025 година. Од 27 март авионите на турската авикомпанија на оваа дестинација ќе летаат 4 пати неделно: во понеделник, четврток, петок и во недела, објави порталот „Екс Ју авијација“.
Турската авиокомпанија за превоз на патниците ќе ги користи  авионите Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900.
Превозникот претходно аплицираше за државни субвенции за стартување на услугата. Најавувајќи две нови дестинации од и кон охридскиот аеродром рече дека започнува новата ера на авиосообраќајот преку овој аеродром.
– Со воведување на двете новите дестинации Истанбул – Охрид и Базел Милхаус – Охрид, практично започнуваме нова ера во развојот на авиосообраќајот токму преку охридскиот аеродром. Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи стратегијата ни даде резултати. Го донесовме Туркиш ерлајнс кој ќе лета 4 пати неделно од главниот аеродром во Истанбул кон Охрид и тој е еден од најголемите аеродроми со најмногу поврзувања – рече Николоски.
Оваа линија Истанбул-Охрид е дел од линиите за државата обезбедува финансиска поддршка за период од 2025-2027 година.
На јавниот повик понуди доставија три авиопревозници, Флај Дубаи, Туршиш ерлајнс и Визер.
Согласно критериумит, финансиската подршка е во висина од 9 евра по патник во доаѓање за патници превезени до „Меѓународен аеродром Скопје“ и 12 евра по патник во доаѓање за патници превезени до аеродромот „Св. Апостол Павле“– Охрид.
За прв пат се применува моделот на субвенционирање на патници во доаѓање според кој се очекува да се зголеми бројот на патници за плус 200 илјaди на годишно ниво.
Покрај Инстанбул, од Охрид ќе се лета и кон Базел- Милхаус, а од Скопје директно ќе се лета кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт.