Vreme.mk - Дознај на Време.

Бизнис

90% од доверителите бараат БРЗА продажба на деловната зграда на Еуростандард Банка

18 септември 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Зградата на Еуростандард банка треба да се продаде што поскоро сметаат 88,1% од доверителите, истакнувајќи дека секое одолговлекување е на нивна штета.

На неодамнешното собрание по повод третата лицитација за продажба на деловната зграда на Еуростандард Банка, доверители остро се спротивставиле на предлогот на Стечајниот управник и стечајниот судија дека е потребно повторно да се прави проценка на вредноста на зградата. Тие јасно го изразиле својот став дека со повторната проценка само се одолговлекува процесот и од тоа никој ништо не добива.

На доверителите им е комплетно јасна моменталната ситуација, дека ако не се комплетира успешно третата аукција, се прави прераспределба на имотот, што значи дека доверителите добиваат само на хартија потврда дека поседуваат процентуален дел од деловната зграда на Еуростандард Банка, која може да ја уновчат само од идна продажба, а која е неизвесна дали воопшто ќе се случи во блиска иднина, и по која цена.

А интересот за купување на оваа зграда е мал само една компанија лицитира.

Извор: Банкометар

Фото: Архива

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ