За 14 години Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари и 11.000 медицински кадар

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За 14 години Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари и 11.000 медицински кадар

- Заминувањето на белите мантили од Албанија не престанува. Податоците покажуваат дека трендот на заминувања во 2024 година бил ист како и претходните години. Поточно, во текот на изминатата година 146 лекари побарале потврда за добро однесување, што служи за вработување во странство. Во изминатите пет години бројот на лекари кои заминале е околу 800. Најголем број или 191 е регистриран во 2022 година.

Доколку се земе в предвид и бројката од над 4.000 лекари во периодот од 2010 до 2020 година, тоа значи дека за нецела деценија и пол Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари. Двојно поголема е бројката на медицинскиот кадар односно повеќе од 11.000.

- Заминуваат во земјите на Европска Унија, а прво место зазема Германија. Една од причините се лошите услови во кои работат лекарите поради недостигот на инфраструктура. Тука секако се и ниските плати споредено со оние кои ги добиваат во западноевропските земји, како и поголемите можности за нивно усовршување, истакнуваат албанските медиуми.

Посочуваат дека нивното заминување создава бројни празнини во здравствениот систем, не само во здравствени домови и регионалните болници, туку и во главниот град. Во ваква ситуација се очекува албанското население наскоро да се соочи со недостиг од матични лекари и лекари од итната медицинска помош, гранки кои не ги претпочитаат младите лекари. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата