Вучиќ од Москва се огласи за здравствената состојба: Ми недостига сила и енергија

8.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ од Москва се огласи за здравствената состојба: Ми недостига сила и енергија

„Се надевам дека ова нема да ми ја намали енергијата и амбицијата. Иако ми е малку потешко, имам малку помалку сила, брзина и енергија, но верувам дека сè ќе биде во ред во деновите и неделите што доаѓаат. Има и други детали за кои дури ни д-р Динчиќ, на кого сум му бескрајно благодарен, не сакаше да зборува, а не морам ни јас, но верувам дека сè ќе биде во најдобар можен ред“, рече тој, одговарајќи на прашање од новинар во Москва за неговата моментална здравствена состојба, пренесе Телеграф.

Тој додаде дека негова работа е да се бори за народот на Србија и дека ќе продолжи да го прави тоа со онолку сила и енергија колку што има, но дека верува дека сè уште има многу, многу повеќе од оние кои можеби се во подобра физичка состојба од него.

„Затоа што тоа е нешто што и Бог ви го дава, но нешто што сами го одредувате како задача со која одите пред луѓето, пред светот, да се борите и никогаш да не се откажувате, за да нема откажување“, истакна тој.

Тој изјави дека вечерва ќе му биде интересна, дека верува дека ќе се сретне со многу пријатели и дека го очекува бессона ноќ, бидејќи како што рече, мора да се подготви за сериозни и суштински разговори со претседателите на Русија и Кина, Путин и Си.

„Долгите разговори со двајца од трите најважни делегации во светот во еден ден, во четири часот, не се лесни, па затоа мојот тим и јас ќе се подготвуваме цела ноќ“, рече Вучиќ.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата