Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

„Време“: Во Србија отпуштена од работа нуклеарна инженерка поради твитови за Вучиќ и Брнабиќ

9 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како што пренесе Бета, во отказното решение, до кое имаа увид новинарите на порталот „Време“, има цитати од два твита со кои нуклеарната инженерка е „неподобна за работа во државна институција“, кои ги објавила во 2021 година.

Решението за отказ го потпишал директорот на Дирекцијата за радијациска и нуклеарна безбедност, Слаѓан Велинов, а неделникот додава дека службата за информирање на Дирекцијата две години ги следела нејзините твитови.

Весникот „Време“ пишува дека таа никогаш не ја критикувала власта под нејзиното полно име, ниту во работното време, ниту ја споменала ниту коментирала институцијата во која работи.

Претседател на одборот на таа дирекција е Маја Гојковиќ, актуелна министерка за култура, а член на Одборот е потпретседателката на српското Собрание Сандра Божиќ, двете од претседателството на Српската напредна странка. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ