Еден рудар е пронајден мртов, а по двајца се трагаше во рудникот за јаглен во градот Велене, североисточна Словенија. Телата на двете лица беа пронајдени вчера. Останатите 11 лица кои работеле во рудникот во моментот на несреќата успеале да излезат.
Словенечката влада вчера одлучи да го прогласи петок за ден на жалост на иницијатива на премиерот Роберт Голоб, објави словенечката редакција на телевизијата Ен1.
Тоа е прва фатална несреќа во рудникот, лоциран на околу 75 километри североисточно од главниот град Љубљана, по смртта на двајца рудари во 2003 година.
Голоб најави специјална програма за помош на семејствата на загинатите, пренесе словенечка новинска агенција.
Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар повика на темелна истрага за трагедијата.