Пад е забележан и на ниво на сите дејности, каде износот на фактурите за истиот период е помал за 23%, додека бројот на фактури е намален за 21% во однос на петокот пред две недели. Хрватските медиуми пресметаа дека хрватските граѓани вчера потрошиле 16,5 милиони евра помалку од пред бојкотот. Од таа бројка, дури 14,4 милиони евра се однесуваат на продажба на мало. Два големи ланци маркети најавија намалување на цените на повеќе стотици производи.