Видео: Хорор во Софија- Жена се движела по улица и ги прободувала луѓето

4.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Хорор во Софија- Жена се движела по улица и ги прободувала луѓето

Според полицијата, три лица се повредени, а 22-годишната девојка е приведена, јавува локалниот бугарски портал „Btvnovinite.bg“.

Полицијата добила пријава нешто пред 08:30 часот. Порталот наведува дека жена со нож избодела во грб 21-годишен вработен во банка, а неколку минути подоцна избодела уште двајца мажи на возраст од 51, односно 48 години. Се претпоставува дека жената има психичко растројство, додава порталот.

„Сечилото беше големо, беше страшно, многу крв“

Во меѓувреме, сведок на крвавиот инцидент во Софија раскажа што се случило.

- Младата жена, која во меѓувреме е уапсена, одеше зад еден маж, не видовме нож, пред нив се појавува друга жена, очигледно на одење на работа. Напаѓачот потоа го прободе мажот пред неа, по што жената ја забележа и почна да ја удира со чантата. Жената (напаѓачот) замина, немаше никаков проблем – изјави работничка од лабораторија пред која се случи инцидентот, пренесе „Standartnews.com“.

-„Прво избодениот најверојатно е во тешка состојба. Сечилото беше прилично големо. Тоа беше страшна сцена, имаше многу крв“, додаде сведокот.

Таа додаде дека еден од мажите бил прободен со нож во пределот на белите дробови, а третиот во раката.

„Апсолутно случајни луѓе беа избодени“, додаде таа.

Извор: Блиц

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата