Убиство во Албанија: Избодел турист пред жената и децата, зашто не му платил за фотографија со коњ

28.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Убиство во Албанија: Избодел турист пред жената и децата, зашто не му платил за фотографија со коњ

Жртвата, Кели Хоџа, бил со својата мајка, сопруга и двете деца во близина на тврдината. Тој ги фотографирал децата со коњот, но не му платил на сопственикот на коњот за тоа.

Потоа, меѓу нив избувнала расправија, која завршила трагично, објавува Klankosova.tv.

Сопственикот на коњот, Кристо Мема, познат и како Кастриот Хоџа (63), го избодел туристот од Тирана пред неговото семејство.

Осомничениот е уапсен, а според медиумските извештаи, имал криминално досие во Грција.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата