Тројца загинаа и осуммина патници во критична состојба- црниот биланс на автобуската несреќа во Србија(ВИДЕО)

18.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тројца загинаа и осуммина патници во критична состојба- црниот биланс на автобуската несреќа во Србија(ВИДЕО)

Во тешката сообраќајна несреќа, која, за потсетување, се случи вчера на патот помеѓу Сремска Митровица и селото Јарак, три лица загинаа - две на лице место и едно во болница поради здобиените повреди.

Состојбата на 39-те повредени лица во вчерашната автобуска несреќа во близина на Сремска Митровица е непроменета, потврдија за РТС од Општата болница во овој град. Осум пациенти се на интензивна нега, дваесет се на Одделот за општа хирургија, а единаесет на Ортопедија, пренесе Телеграф.

Видео од Инстаграм страницата 192 покажува како автобусот е транспортиран до главниот пат со јажиња. Дури откако е завршено извлекувањето, патот е пуштен за сообраќај.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

За потсетување, припадници на Министерството за внатрешни работи во Сремска Митровица, во соработка со Основното јавно обвинителство во овој град, го уапсија Д. К. (70), возачот на автобускиот превозник „Сирмиум автобус“, поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз. Тој е осомничен за предизвикување сообраќајна несреќа на делницата Јарак - Сремска Митровица во која животот го загубија три лица. На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Доктор на Општата болница во Сремска Митровица, Воислав Мирниќ, изјави дека по несреќата со превртувањето на патничкиот автобус примиле 61 пациент, а дека 39 пациенти се задржани на набљудување. Осум пациенти се сместени на одделението за интензивна нега, а две лица моментално се во операционата сала.

„Осум тешко повредени пациенти се на одделението за интензивна нега, а еден пациент за жал починал“, изјави Воислав Мирниќ, додавајќи дека 61 пациент се примени во болницата, од кои 39 се задржани на набљудување. Две лица биле во операционата сала, а еден пациент бил пренесен во Центарот за итни случаи во Белград.

20 од нив се на одделот за општа хирургија, додека 11 пациенти се на одделот за ортопедија.

Мирниќ, исто така, рече дека денес биле ангажирани повеќе од 120 техничари и медицински сестри и дека за 45 минути транспортирале 35 пациенти во болницата.

Апел е упатен до доброволните дарители на крв, иако вечерва имале доволно залихи од крв.

„Утре ќе има доброволна акција за дарување крв во Црвениот крст на Сремска Митровица од 8:30 до 13 часот“, информираше Мириќ.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата