Страшни одрони на Санторини по земјотресите, луѓето се плашат од свлечишта (ВИДЕО)

3.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Страшни одрони на Санторини по земјотресите, луѓето се плашат од свлечишта (ВИДЕО)

Имено, тлото во Грција се тресе веќе 10 дена, а како што е соопштено, досега се забележани најмалку 550 земјотреси.

Поради постојаното тресење, активирани се одрони кои се снимени на видео снимки во Атиниос. На една од сликите, направена во заливот Атиниос, нешто по 12:30 часот, се гледа како прашина се крева по лизгање на земјиштето.

Грчките медиуми претходно објавија дека е испратена порака до сите жители во врска со ризикот од лизгање на земјиштето во одредени области на Санторини. Одлуката е да се забрани движење и пристап до области како Амуди, Армени и старото пристаниште Фира.

Претходно грчкиот научник Костас Папазахос истакна дека земјотрес посилен од 6 степени според Рихтеровата скала би бил катастрофален за остров како Санторини и дека жителите треба да бидат подготвени за такво сценарио. Но, тој не најави таков развој на настаните.

Жителите секако биле повикани да најдат засолниште, што и го направиле, додека во градот е воведена своевидна вонредна состојба - затворени се училиштата, градинките, сите настани на отворено...

Значителен број граѓани се затекнати во близина на болницата каде што се распоредени сили на ЕМАК за итна интервенција во случај на вонредна состојба. Други се собраа на стадионот Месарија и на отворени простори за да се чувствуваат побезбедно, пишува Прототема.

Жителите на островот, исплашени од последователните земјотреси, побрзаа да резервираат билети за поаѓање, додека бродовите и авионите се полни.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата