Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Србинката, чие бебе беше најдено во замрзнувач: никој не знаеше дека сум бремена

24 јануари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Бебето било пронајдено во куќата во која живеат Лидија, нејзиниот сопруг Зоран (62) и нивните четири деца. Таа признала дека новороденчето е нејзино, а на полицијата ѝ рекла дека било мртво родено.

„Лидија призна дека бебето е нејзино, но рече дека го родила мртво. Сепак, тоа се уште не го знаеме додека не се направи обдукцијата. Таа исто така рече дека го сокрила телото бидејќи никој од нејзиното семејство не знаел дека е бремена. Не знаела што да прави, па го ставила мртвото бебе во замрзнувач. Набргу по тоа породување Лидија си заминала и го оставила семејството“, вели во интервју за Телеграф соговорник близок до истрагата.

Да потсетиме, телото на бебето минатата недела во замрзнувачот го пронашол нејзиниот сопруг Зоран кога, како што рекол, сакал да го исчисти. Зоран рекол дека тој и неговата сопруга имале несогласувања и дека таа се гледала со други мажи.

„Сопругата што замина и јас имавме несогласувања, имаме четири деца… Сопругата не живее тука од мај, а јас живеам од кога е изградена куќата, 60 и нешто години“, им рекол Зоран на истражителите.

“Видов кеса со крпа во неа. Прво помислив дека е леб. Кога ја отворив кесата, видов бебе. Почнав да одам во шок. Веднаш го повикав син ми и полицијата. Не знаев дека имало такво нешто во замрзнувачот, се уште сум потресен. Не знам што да мислам за сето ова“, заклучил тој.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ