Србија во временски теснец за НИС- ќе има ли решение за седум дена?

16.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србија во временски теснец за НИС- ќе има ли решение за седум дена?

Временскиот теснец со кој се соочува Србија е заради условот на САД кои за суспендирање на санкциите воведени на 9-ти октомври бараат компанијата повеќе да не биде во мнозинска сопственост на Русија. Српската министерка за енергетика на владината седница понуди и своја оставка.

-Да се води ресорот енергетика во ситуација во која нафтената индустрија има санцкии е речиси невозможно и спремна сум да поднесам и оставка бидејќи не гледам начин на кој може да се надмине оваа ситуација.- Џандановиќ, Министерка за енергетика

-Денес нема одлука, но одлуката можеме да ја донесеме утре, задутре, но во следната една недела мора да донесеме конечна одлука. -Вучиќ, Претседател на Србија

Според Вучиќ, Србија ќе ги поддржи русите во преговорите со трета страна за промена на сопственоста во НИС, а ако не се согласат за цената, Србија ќе биде подготвена да им понуди на Русите повеќе пари за да ја купи компанијата. Тој вели дека е против национализацијата, конфискацијата и грабежот на имот, но дека државатамора да има решение во рок од една недела.

-Ние без доток на нафта до 13 февруари сме во тотален колапс. Со тоа не ни работи рафинеријата, не ни работи ништо. Затоа мораме на рационален начин. Јас ќе разговарам со американците, јас ќе ги молам да ни помогнат по тоа прашање, иако тие и го направија ова. -Вучиќ, Претседател на Србија

Дел од српските експерти велат дека прашањето со НИС не е проблем од сега и ја обвинуваат владата дека не презеле чекори за решавање на проблемот.

-Претставниците на власта секоја работа ја драматизираат за да се покажат дека тие нешто жртвуваат за граѓаните, а всушност 10 месеци не работат ништо. Ова беше јасно од самиот почеток, од 10. јануари се знаеше што е барањето, а тоа е русите повеќе да не бидат дел од сопствеништвото.- Горан Радосављевиќ, Професор на ФЕФА

-Оваа приказна се драматизира без било каква важна причина, но треба да се донесе одлука која не е тешка за државата, туку за власта.- Горан Радосављевиќ, Професор на ФЕФА

Министерката за енергетика, Дубравка Џедовиќ Хандановиќ, според српски РТС, вели дека Србија има доволно резерви во случај да дојде до краток прекин на работата на рафинеријата, но мора брзо да се обратат кон владата на САД.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата