Во морскиот дел на 12 наутички милји југозападно од малиот грчки остров Гавдос биле откриени и спасени 47 мигранти, кои се пренесувале со чамец, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека мигрантите биле спасени од брод на Фронтекс, по што биле префрлени на патролен брод на грчката служба и безбедно пренесени на пристаништето на островот.
Малиот остров Гавдос се наоѓа јужно од Крит и е најјужната точка на Европа, а во изминатиот период е дел од мигрантските рути што ги користат криумчарите за нелегално пренесување мигранти од Либија кон Грција или Италија.