На фотографијата која ја објави порталот Телеграм се гледа дека Дабро е облечен само во црни шорцеви и папучи со автоматска пушка од типот калашников во раката. Стои на чистина, веднаш до поле со пченка.
Фотографијата објавена денеска е уште поконтроверзна бидејќи во Хрватска е невозможно да се има дозвола за поседување автоматска пушка како што е калашников. Секој што поседува калашников во Хрватска, тоа го прави незаконски.
Претходно утрово Телеграм му испратиле на Дабро фотографија на која е со калашников и побарале од него да одговори дали снимката е автентична. На прашањето Дабро попладнево одговорил дека не може и не смее да ја коментира снимката со оглед на тоа што полициската истрага е во тек.
JOSIP DABRO
— etto.ba (@ettoba) January 30, 2025
Nova fotografija: Hrvatski ministar snimljen sa kalašnjikovom u polju kukuruzahttps://t.co/6MXrwPZ1ht
Индекс стапил во контакт и со полицијата со прашање за фотографијата на Јосип Дабро со автоматска пушка објавена денеска и ќе објави одговор штом ќе ја добие.
Да потсетиме дека Дабро беше принуден да поднесе оставка од функцијата вицепремиер и министер за земјоделство, откако во јавноста беше објавено видео на кое тој пука со пиштол од автомобил во движење.