Продолжува серијата земјотреси во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос

12.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Продолжува серијата земјотреси во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос

Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, освен најсилниот земјотрес беа регистрирани и пет со јачина од над 4 степени.

Од почетокот на месецов земјотресите се секојдневие на Санторини, а доста често во помали временски периоди има по неколку силни земјотреси, а досега беа регистрирани вкупно четири од 5 или над 5 степени.

Најсилниот беше во понеделникот со јачина од 5,3 степени, минатата среда имаше земјотрес од 5,2 степени, а во неделата вечерта и рано утрово јачината беа регистрирани по еден земјотрес од 5 степени.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 9 февруари, биле регистрирани над 14.000 земјотреси.

Само во неделата на 9 февруари биле регистрирани над 1.100 земјотреси, од кои 240 над 2,5 степени и 14 над 4 степени. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата