Договорот бил потпишан од заменик-претседателот на „Преродба“ Цончо Ганев, кој е и потпретседател на бугарскиот парламент, и Владимир Јакушев – заменик-претседател на горниот дом на државната Дума на Руската Федерација.
„Договорот предвидува размена на искуства, идеи и политичка пракса меѓу двете партии и претставува важен позитивен чекор кон обновата на целосните бугарско-руски односи“, соопшти партијата...
„Преродба“ е третата најголема партија во бугарскиот парламент по изборите во октомври лани, со 33 пратеници од вкупно 240. партијата отворено се противи на членството на Бугарија во Европската унија и НАТО и се залага за неутралност во конфликтот во Украина. .