Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Прецизно и конкретно: “ЕУ ги злоупотребува државите од Западен Балкан“

24 мај 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска чекала долго за да стане членка на ЕУ, но не толку колку земјите од Западен Балкан.

„Многумина ја замислуваат Европската унија како федерација, која според мене никогаш не смее да стане. Јас лично ќе се борам против тоа“, рече Милановиќ во своето воведно обраќање на конференцијата „10 години Република Хрватска во Европската унија“.

„Не сакам повторно да имаме центар на моќ“, додаде тој.

„Буџетот на ЕУ е толку мал што навистина ништо не може да се направи со него освен центри за иновации, неколку мостови, противпожарна станица, сите работи што ги гледам секоја недела надвор од Загреб, и тоа е добро затоа што наместо тоа нема ништо друго“, вели Милановиќ.

Хрватскиот претседател додаде дека ЕУ „страда, што е тешко да се излечи, од хроничен недостаток на демократија и одговорност и уште еднаш го повика шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел.

„Борел е оптоварен со такви афери што не би можел да биде министер во мојата влада, а не знам во владата на Пленковиќ. Како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен“, додаде Милановиќ.

Борел го одбил барањето на Хрватска да учествува во мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина, воена мисија на ЕУ, а Милановиќ повторил дека неговото писмо е полно со лаги.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ