Потрошувачката кошница во Црна Гора достигна 2.080 евра

3.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Потрошувачката кошница во Црна Гора достигна 2.080 евра

Сумата е за 3,23 отсто или 65 евра поголема во однос на претходното тримесечје.

Од десетте категории опфатени во методологијата, пораст на трошоците е забележан во четири: храна (2,38%), домување и комуналии (4,08%), образование и курсеви (28,57%) и летни одмори (8%).

Врз основа на цените за 132 производи во трите најголеми трговски синџири, трошоците за храна се пресметани на 645 евра, што е за 15 евра повеќе отколку во второто тримесечје.

„Ова е трето по ред тримесечје со раст на цените на храната“, соопшти Сојузот на слободни синдикати на Црна Гора. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата