Починаа уште двајца штитеници во пензионерскиот дом во Тузла, што изгоре пред две недели

14.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Починаа уште двајца штитеници во пензионерскиот дом во Тузла, што изгоре пред две недели

Две лица починаа во Универзитетската болница во Тузла, а пет пациенти во моментов се хоспитализирани.

Во Клиниката за анестезиологија и реанимација во моментов има двајца пациенти, од кои едниот е на респиратор.

Еден пациент има на Клиниката за интерна медицина и двајца на Клиниката за белодробни заболувања.

Обдукција е извршена на 11 жртви, при што е утврдено дека сите починале од задушување, а дека телото на едно лице било зафатено од пожар.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата