Поранешниот висок функционер на црногорското МУП Зоран Лазовиќ и поранешниот главен специјален обвинител Миливое Катниќ пред неколку дена се уапсени по налог на Специјалното државно обвинителство (ССТ) на Црна Гора, јавуваат медиумите во Црна Гора.
Лазовиќ и Катниќ биле уапсени од службеници на Специјалното полициско одделение (СЈО) по наредба на СДТ, која ги сомничи за создавање криминална организација и злоупотреба на службената положба, пишува Вијести.
Катниќ се гони во истрагата за наводни незаконитости во неколку случаи на обвинителството што тој ги раководел. Изворот на весникот тврди дека не се работи само за случаи против наводни членови на кавачкиот криминален клан, туку и за постапување со некои меѓународни судски покани.
СДТ ги сомничи Лазовиќ и Катниќ дека извршиле кривични дела создавање криминална организација и злоупотреба на службената положба, односно дека им помагале на белградските криминалци Вељко Беливук и Марко Миљковиќ со укинувањето на забраната за влез во Црна Гора.
Како сведок во постапката, а некако дел од лица осмоничени во истрагата, е повикана и поранешната специјална државна обвинителка Мира Самарџиќ која вчера била сослушана во истрагата на Специјалното државно обвинителство (СДТ) против поранешниот главен специјален обвинител Миливој Катниќ, дознава Вијести.
Од сведочењето на обвинителката Мира Самарџиќ се очекуваат нови детали или потврди на познатите сознанија кои се дел од истрагата против уапсените две лица за кои истрагата смета дека сорабитувале со врвот на црногорските криминлани кланови а, преку нив, и поврзани со криминлани дејсвија во регионот.