Новости: Вучиќ понудил Србија да го откупи рускиот дел во НИС, Москва претпочита продажба на трета страна

15.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новости: Вучиќ понудил Србија да го откупи рускиот дел во НИС, Москва претпочита продажба на трета страна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ,  и понудил на руската делегација, Белград да го откупи делот што е во руската сопственост во Нафтената индустрија на Србија (НИС), и кога ситуацијата на меѓународно ниво ќе се нормализира, се да им биде вратено, објави Вечерње новости.

Сепак, Москва не е премногу склона кон такво решение, наведува весникот и додава дека, се чини, поприфатливо решение за Русија е да го продаде својот дел на трета страна. Можно е да бид епродадена на Американци.

Весникот пишува дека Вучиќ го дал предлогот на неодамнешната средба со претседателот на Управниот одбор на „Газпромњефт“, Александар Дјуков, и рускиот заменик-министер за енергетика, Павел Сорокин.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата