Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Недолжна жена е третата жртва на масакрот во Скадар, нејзиниот сопруг се бори за живот (ВИДЕО)

30 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Според пишувањата на локалните медиуми, во пресметката во која бил користен автомобил со хрватски регистарски таблички учествувал и син на локален политичар.

Во населбата Добрач денеска одекнала рафална пукотница.

Од две возила во движење биле испукани рафали, едно возило со хрватски регистарски таблички било удрено неколку пати, а потоа удрило во ѕид.

Една од жртвите е Хамза Лици, брат на Ибрахим Лици, лице познато на албанската полиција. Неодамна беше спомнат во познатата афера „Метаморфозис“, каде прислушувањето на белгиските и француските власти откриваше постојани конфликти меѓу Лици и бандата Бајра и бизнисменот Пелумба Ѓока.

Убиен е и Арлинд Бушати, синот на поранешниот кандидат за градоначалник на опозицијата, Џемал Бушати.

Арлинд Бушати пред неколку дена поднел пријава во полиција дека се сомнева дека ќе го убијат и дека животот му е во опасност.

Во меѓувреме, при размена на оган низ стаклата на автомобилот, повреден е и брачен пар кој во моментот на атентатот патувал со мотор.

Се дознава дека по повредите сопругата Флутура Баша починала во болница, додека нејзиниот сопруг е во критична состојба.

На снимката која ја обезбеди Ora News, една од жртвите е снимена на земја, а се гледа и возило кое било уништено по судир со ѕидот.

„Околу 15 часот и 50 минути на патот Скадар-Коплик, во Добрач, од огнено оружје било пукано во патничко возило од типот „бенц“ во движење, во кое биле државјаните Х.Л. и А.Б.

„Од пукањето животот го загуби државјанин Х.Л., а тешко повреден е државјанин А.Б.

„Возилото во кое се наоѓале Х.Л и А.Б изгубило контрола и во тој момент удрило во мотоциклот што го управувале државјанинот Б.Б и неговата сопруга Ф.Б., при што починала сопругата Ф.Б., додека Б.Б е во тешка состојба во болница.

„На местото на настанот се испратени бројни полициски единици и Единицата за национална безбедност од Скадар, како и две екипи од специјалната единица РЕНЕА.

„Формирана е специјална истражна група и во соработка со Обвинителството се врши интензивна истрага за расветлување на околностите и обезбедување докази, со цел правно документирање на случајот, откривање и апсење на сторителите.

„Исто така, на помош на истражната група е испратен и директорот на Криминалната полиција со екипа од стручни лица од Управата за истражување на тешки кривични дела.

„Во меѓувреме, полициските единици ја опколија областа и продолжуваат со проверките на теренот и во различни објекти и поставуваат контролни пунктови за да се овозможи апсење на сторителите, соопшти албанската полиција.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ