Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Мицотакс: Грција ги надмина поставените цели во туризмот

12 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Повторно успеавме да ги надминеме целите што ги имавме поставено и како што се чини, знаците за 2025 година изгледаат многу позитивни за туризмот, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата на Крит со претседателот на Стопанската комора на Ретимно и Здружението на хотелиери со кои разговараше за текот на туризмот и перспективите, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека успехот во туризмот е затоа што „Грција конечно успева и добива дел од пазарот во споредба со главните конкуренти“.

-Во овој многу турбулентен период, Грција останува столб на геополитичката, политичката, економската и општествената стабилност. А ова, очигледно, е неопходен предуслов за да можеме да изградиме каква било економска активност, а и да примиме десетици милиони посетители, кои ќе ја изберат нашата земја пред сè не само како убава, туку и како безбедна дестинација, истакна Мицотакис.

Минатата година беше особено успешна за грчкиот туризам, со оглед на тоа дека Грција ја посетија 32,7 милиони туристи, за 17,6 отсто повеќе споредбено со 2022 година, а приходите за земјата беа 20,5 милијарди евра.

За 2024 година очекувањата и предвидувањата се дека ќе биде постигнат нов рекорд, како во однос на бројот на посетители, така и во однос на приходите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ