Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

5.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи примирјето и да се стабилизира ситуацијата, потенцирајќи дека првата фаза е важна за да има напредок кон следните фази.

- Грција се стреми да биде активно присутна во Газа како на хуманитарно ниво така и за обновата, односно да ја зголеми хуманитарната помош и да учествуваме во развојни активности во Газа, посочи Зохиу. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата