МД „Илинден"-Тирана од новата влада бара поголема грижа за положбата и правата на Македонците

23.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МД „Илинден"-Тирана од новата влада бара поголема грижа за положбата и правата на Македонците

 Македонско друштво „Илинден”-Тирана на новата влада на премиерот Еди Рама и посакува успех и исполнување на предизвиците, но во исто време бара да го посвети потребното внимание на положбата и условите за живот на Македонците во областите Голо Брдо, Преспа и  Гора, како  и Врбник.

Се додава дека Македонците таму се соочуваат со сериозни економски и социјални потешкотии и заслужуваат конкретна и континуирана поддршка од новата Владата.

Од Македонско друштво „Илинден”-Тирана потсетуваат и на прашањето со граничниот премин Требиште – Џепиште, област Голо Брдо, кој беше отворен во мај 2013 година и на „седница на владите на Албанија и Македонија одржана во Поградец на 15 декември 2017 година, донесена  одлука овој премин да работи 24 часа и оти тоа сè уште не е реализирана".

- Сметаме дека е крајно време овој граничен премин да премине од премин од локален карактер во режим на целодневно 24-часовно функционирање, со што значително би се олеснила комуникацијата на жителите од Голо Брдо со Македонија, со која тие секојдневно имаат лични, здравствени, образовни и економски потреби, додаваат од друштвото.

Од име на Македонците, бара Владата и министерството да посветат посебно внимание и позитивно да одговорат на  барањето за настава на мајчин македонски јазик за децата во областите Голо Брдо и Гора, и насекаде каде има значителен број.

Бараме, се нагласува,  Владата да изврши промена на територијална организација на локалната самоуправа и да ги прифати како посебни општини областите Голо Брдо и Гора, каде живеат Македонци.

- Македонско друштво „Илинден”-Тирана го изразува своето жалење затоа што официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Голо Брдо, Преспа, Гора и Врбник, обидувајќи се да ги претстави како “Бугари“. Апелира до Владата да преземе сериозни мерки во насока на поголема грижа за положбата и правата на македонскиот народ во Република Албанија, посочува друштвото.

Оценува и бара Комитетот за национални малцинства од консултативно тело на Владата да прерасне во Агенција за национални малцинства со посериозни и обврзувачки ингеренции за афирмација на националните малцинства во Република Албанија, зашто „сметаме дека комитетот за националните малцинства треба да биде активен глас на малцинствата во Република Албанија".

- Истовремено, веруваме дека новата Влада предводена од премиерот Еди Рама ќе работи да се подобрат правата на Македонците во Република Албанија. Ви посакувам успех во работата и во реализацијата на програмата, стои во барањето потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај и координаторот за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата