Косовските специјалци на протест пред владата со барање за повисоки примања

9.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Косовските специјалци на протест пред владата со барање за повисоки примања

Припадниците на Специјалната единица за интервенции (ЊСИ) на косовската полиција, заедно со другите специјални единици, ќе протестираат денеска пред зградата на Владата на Косово, со барање за измени во категоризацијата на работните места и поголеми надоместоци за ризик во работата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за косовските медиуми ја потврди и претседателот на Синдикатот на полицијата, Имер Зеќири, кој рече дека на протестот, закажан за 12 часот, ќе учествуваат и тие како синдикат.

Специјалците со истите барања протестираа и на 1 ноември, кога најавија дека ќe организираат нови протести до исполнувањето на нивните барања, но се откажаа од намерата откако премиерот Албин Курти ги повика на состанок. По таа средба Владата на Косово донесе одлука за надоместоци за ризик во работата за припадниците на косовската полиција, но специјалците и полицискиот синдикат изразија незадоволство од таа одлука. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата