До распуштање на Парламентот дојде откако вчера пропадна вториот и последен обид за формирање влада во Косово.
Земјата западна во политичка криза по парламентарните избори одржани на 9 февруари 2025 година, откако ниту една од партиите не освои мнозинство од 61 глас во 120-члениот Парламент.
Според косовскиот Устав, претседателот на земјата треба да распише избори, кои мора да бидат организирани во рок од 40 дена од денот на нивното објавување.

