Кос: Сакаме ЕУ да биде опиплива реалност за вашите граѓани

21.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кос: Сакаме ЕУ да биде опиплива реалност за вашите граѓани

Таа додаде дека амбицијата на Планот е сите земји-кандидатки од Западен Балкан да напредуваат синхронизирано, додавајќи дека Европа не може да биде безбедна без Западен Балкан, дека „ова е грешка што сме ја направиле во минатото и мора да ја исправиме и поправиме“, изразувајќи задоволство „што овие состаноци што ги одржуваме за планот за раст отвораат сè повеќе врати“.

- Вашиот дом – Европа ве чека, вие сте дел од Европа, ние едноставно мора да го направиме ова во институционална форма за да станете земји-членки на ЕУ. Вие сте дел од Европа. Денеска дојдовме тука за да го оцениме напредокот, да видиме што поминало добро со Планот за раст, изминаа две години од почетокот на спроведувањето на растот за Западен Балкан. Време е да разговараме, имаме многу за славење. Две од 6 земји во регионот сè уште не почнале да ги усвојуваат реформите, додека двете земји со најголем напредок постигнале повеќе од 50 проценти од реформите, рече на самитот каде што учествуваат лидерите на Западен Балкан, објавија медиумите.

Според неа, од пакетот од 6 милијарди евра за Западен Балкан, само 400 милиони евра се дадени на земјите од Западен Балкан, нагласувајќи дека денешните дискусии треба да се искористат за планирање на вториот дел од спроведувањето на планот за раст, каде што, како што рече таа, „можеме да направиме повеќе, во кои области можеме подобро да ве поддржиме“.

- Што се однесува до средствата, сè уште сме под 10 отсто од вкупниот износ, вкупно 400 милиони евра од пакет од 6 милијарди евра што се издвоени за регионот, можеме да направиме повеќе и мора да направиме повеќе. Европската комисија сака планот за раст да биде успешен. Зборував за потребата од интегрирање на сите наши соседи во сите и во многу различни области на политиките на ЕУ. Сакаме ЕУ да биде опиплива реалност за вашите граѓани. Албанија и Црна Гора имаат корист од пониски трансфери преку SEPA. Земјите од Западен Балкан припаѓаат на ЕУ како рамноправни членки, рече Кос.

Таа порача дека денешните дискусии треба да се искористат за планирање на вториот дел од спроведувањето на планот за раст, каде што „можеме да направиме повеќе, во кои области можеме подобро да ве поддржиме“.

- Да ги искористиме преостанатите две години за да го направиме Планот за раст огромен успех и да ја подготвиме основата за пристапување кон ЕУ, посочи Марта Кос.

Домаќинот на Самитот, премиерот на Албанија, Еди Рама, во обраќањето меѓу другото оцени дека Западен Балкан избрал да продолжи заедно напред.

- Со децении, овој регион се сметал за проблем што во најдобар случај треба да се реши, а во најлош случај како војна со која треба да се справи, рече Рама и истакна дека сега тие го гледаат сосема поинаку.

Тој нагласи дека земјите од Западен Балкан не бараат услуги, туку гордо ги нудат своите вредности, оценувајќи дека земјите не сакаат да чекаат на Европа, туку да ја изградат.

- Ако Западен Балкан стагнира, а Европа биде послаба, нема силна Европа без Западен Балкан, рече Рама. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата