И вечерва е прекината потрагата по 3- годишното девојче во реката Сава кај Загреб (ВИДЕО)

16.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И вечерва е прекината потрагата по 3- годишното девојче во реката Сава кај Загреб (ВИДЕО)

Мајката на девојчето веднаш ја известила полицијата дека ја убила ќерка си во реката Сава, пренесува порталот Index.hr.

Потрагата почнала откако вчера околу 16 часот и 10 минути 34-годишната мајка повикала полиција. Според сигурни извори, таа не кажала експлицитно дека го убила детето, но она што го кажала веднаш ја насочило полицијата кон кривично дело.

Полицијата ја лоцирала жената во близина на мостот Јанкомир. Таа меѓу другото рекла дека во Сава влегла со детето во раце, а сето она што ѝ го кажала на полицијата само го потврдило сомнежот дека се работи за убиство на сопствената ќерка. Изгледала дека не била свесна, па ѝ била пружена лекарска помош.

Полицијата со оглед на изјавите на мајката и она што го пронашла на местото на настанот ја отфрлиле можноста дека се работи за несреќа во која детето паднало во реката Сава. Облеката на мајката била мокра, што потврдило дека и таа била во Сава, но полицијата ја исклучила и можноста да се работи за обид за самоубиство со детето во раце.

Во еден момент, откако влегла во реката Сава со детето во раце, мајката очигледно ја пуштила ќерката во реката Сава. Се уште не се знае дали девојчето се удавило или мајка и го убила пред да го фрли во водата. Истрагата треба да утврди што точно се случило. Она што ја отежнува истрагата е тоа што телото на детето го нема и прашање е дали некогаш ќе биде пронајдено.

Претходно денеска и официјално е уапсена мајката. Таа е осомничена за кривично дело тешко убиство.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата