Грција на удар на „Инес“ - се очекува и африкански песок

15.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грција на удар на „Инес“ - се очекува и африкански песок

Системот се движи североисточно од брегот на Тунис и се очекува да остане во Грција од денеска  до сабота, објави порталот „Крета пост“.

Метеоролозите ја објавија временската прогноза и кои делови од Грција ќе бидат погодени од бурата.

Во ноќта помеѓу четврток и петок се очекуваат обилни врнежи од дожд и бури во областите Кефалонија, Закинтос, Итака, како и во северозападниот Пелопонез, западна и централна Тесалија.

Од петок наутро до вечерта се очекуваат бури во Јонското Море, а ќе бидат погодени регионот на Крф, Паксос, Левкас, Епир, западна Стера и северот на Грција.

Од петок попладне до сабота наутро се очекуваат обилни врнежи од дожд и бури во Тракија и североисточниот Егеј, со особено влијание врз областа Лемнос.

Бурни југоисточни ветрови се очекуваат во Егејското Море и Крит во петок, а попладне ќе дуваат и во Јонското Море и јужен Пелопонез.

Се очекува силни ветрови да донесат африкански песок во јужна Грција, особено на Крит, Кикладите, Додеканезите и јужен Пелопонез.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата