Дендиас до амбасадорката на Франција: Грција е против продажба на проектили на Турција

29.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дендиас до амбасадорката на Франција: Грција е против продажба на проектили на Турција

Дендиас на социјалните мрежи објави дека во Министерството за одбрана се сретнал со француската амбасадорка од која побарал „официјално известување за информациите за продажба на проектили  МЕТЕОР на Турција, од конзорциум во кој учествува Франција“.

-На амбасадорката на Франција ѝ го изразив силното противење на Грција за таквата можност, што не е во согласност со досегашните одлични стратешки односи меѓу двете земји, напиша Дендиас. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата