Бугарскиот претседател најави референдум за влез во еврозоната

10.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бугарскиот претседател најави референдум за влез во еврозоната

„Бугарија, како полноправна членка на Европската унија, се соочува со стратешка одлука - воведување на единствената европска валута“, рече Радев во национално обраќање.

Тој нагласи дека референдумот ќе биде тест за демократијата на националното Собрание и ќе покаже кој ги следи принципите на демократијата, а кој им го негира правото на Бугарите да ја одредат својата иднина.

Патот кон еврозоната не беше лесен за Бугарија. Во 2024 година, Европската Централна Банка објави дека земјата не може да се приклучи на валутната унија бидејќи инфлацијата во земјата е превисока.

Во февруари оваа година, полицијата во Софија се судри со демонстрантите кои бараа Владата да се откаже од плановите за приклучување кон еврозоната.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата