Брнабиќ: Рокот за формирање нова влада е 18 април на полноќ

19.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брнабиќ: Рокот за формирање нова влада е 18 април на полноќ

Доколку тоа не се случи, претседателот на Републиката е должен да го распушти парламентот и да распише парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Белград.

Според Уставот, процедурата сега ја презема претседателот на Републиката, кој треба да предложи нов мандатар.

„Крајниот рок за формирање нова влада е 18 април на полноќ. Вучиќ треба да предложи мандатар, а мандатарот на Собранието да ја предложи програмата на новата влада и предлогот на членовите, по што пратениците ќе се изјаснат за своите ставови“, изјави претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.

На прес конференција, таа изјави денеска дека со констатацијата на оставката на премиерот во Парламентот и официјално е завршен мандатот на владата.

„Српскиот парламент, согласно член 132 од Уставот, ја констатира оставката на премиерот, а со тоа и официјално заврши мандатот на Владата на Милош Вучевиќ. Од утре, 20 март, почнува рокот за формирање нова влада“, рече Брнабиќ. 

Таа посочи дека доколку до тој рок - 18 април - не се избере нова влада, претседателот е должен да го распушти Собранието и да распише избори.

Како што наведе таа, изборите треба да се одржат 45 до 60 дена од денот на распишувањето, што во овој случај би било почетокот на јуни. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата