Информацијата за средбата денеска ја пренесоа белградски медиуми кои наведуваат дека за тоа потврда има од Брисел, од главната портпаролка на ЕК, Пола Пињо.
„Многу внимателно ја следевме ситуацијата во Србија и ги охрабривме сите засегнати страни, вклучително и граѓанското општество, да најдат начин да ги унапредат реформите што се неопходни за европската иднина на Србија. Ова е дел од она што ќе се разговара на средбата меѓу претседателката Фон дер Лајен и претседателот Вучиќ“, рече Пињо на брифинг.
На прашањето дали Фон дер Лајен добила писмо од 31 пратеник во Европскиот парламент со барање за откажување на средбата со Вучиќ, Пињо рече дека писмото е примено и додаде дека средбата се смета за можност да се разговара за прашањата што ги покренале европратениците.