Дека годините всушност се само бројка на хартија и дека никогаш не е доцна да го постигнете она што навистина го сакате, на најдобар начин покажува примерот со Зорка Главоњиќ од драгачевското село Вича, која возачкиот испит го положила на 71 година. Прво била најстарата кандидатка во автошколата, а потоа и прва која официјално застанала зад воланот на таа возраст.
-Мојот сопруг има 84 години и полека му попушта здравјето, досега возеше и завршуваше се, а кога видов дека наскоро нема да може да го прави тоа, решив да положам за да возам. Двапати неделно доаѓав од Драгачево во Чачак со автобус на часови по возење и ништо не ми беше тешко. Од прва ги положив тестовите со прописи, но по некое време ми беше проблем да го положам возачкиот испит. Положив од четврти пат, раскажува баба Зорка за РИНА.
За време на обуката во автошколата оваа драгачевка имала голема поддршка од целото семејство, но и колегите кои посетувале настава и заедно со неа го положиле возачки испит. Таа вели дека сите имале многу разбирање и биле трпеливи, иако понекогаш можела да ги изнервира. Но, тоа брзо би поминало.
-Вежбав на нашето пунто пред да положам, а сега здравје Боже ќе го возам,. Помладите порано беа малку нервозни затоа што немав рутина, ми требаше уште малку време да се навикнам каде е ножната педала, која рачка или копче за што служи. Но, тука се беше надминато. Последен пат кога го направив тестот, без грешка ги одработив вежбите на полигонот, а потоа безбедно возев низ цел град. Кога конечно ми рекоа, честитки, помина, на мојата среќа и немаше крај, вели Зорка.
Додава дека е многу благодарна на нејзиниот инструктор Драган, кој навистина имал многу трпение со неа и на најдобар можен начин и го дал потребното знаење кога станува збор за возењето.
Нема сомнеж дека драгачевските патишта ќе добијат нов специјален, но пред се трпелив возач.