Академски пленум: Професорите ќе поднесат петиција за вонредни избори во Србија

22.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Академски пленум: Професорите ќе поднесат петиција за вонредни избори во Србија

„Делегација од професори од неколку универзитети утре ќе поднесе академска петиција (со сите потписи) за распишување вонредни парламентарни избори“, објави Академскиот пленум.

Како што е наведено во соопштението, петицијата ќе биде доставена до Владата на Србија в петок во 14:00 часот, а до Претседателството во 14:30 часот.

„Оваа петиција ја покрена Академскиот пленум, а ја потпишаа повеќе од 1.500 професори, соработници и истражувачи од факултетите, високите школи и научно-истражувачките институции на Србија. Премиерот на Србија и претседателот на Србија се поканети лично да ја примат оваа петиција преку е-пошта“.

По предавањето на петицијата, делегација од професори ќе се придружи на протестот „Да ги одбраниме универзитетите“. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата