Германија ќе финансира изградба на гасовод меѓу Шпанија и Франција?

2.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германија ќе финансира изградба на гасовод меѓу Шпанија и Франција?

Фондовите на ЕУ би можеле да финансираат од 30 до 50 отсто од изградбата на подводниот гасовод за транспорт на водород што ќе биде поставен меѓу Шпанија и Франција.

Шпанија и Франција се договорија да ја истражат можноста за изградба на гасовод за транспорт на водород меѓу Барселона и Марсеј, вреден околу 2,1 милијарди евра, изјави денеска извршниот директор на гасниот оператор „Енагас“, Артуро Гонсало Аиспири.

Тој изјави дека таквата врска меѓу Шпанија и Португалија би чинела околу 350 милиони евра.

Гонсало посочи дека од 30 до 50 отсто од проектот би можел да биде финансиран од ЕУ преку прекугранични енергетски инфраструктурни проекти означени како „Проекти од заеднички интерес“, а дека преостанатите трошоци ќе бидат покриени од земјите што ќе имаат корист од проект, како и идни клиенти.

Гонсало рече дека шпанските потрошувачи нема да имаат трошоци за финансирање на изградбата на гасоводот, наведувајќи дека одредени земји се заинтересирани за тој проект, вклучително и Германија.

 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата