Според фотографиите објавени на социјалната мрежа X, на основата на статуата е напишано „слобода за Газа“, додека рацете на младата девојка се обоени со истата крваво црвена боја.
Ова е втор пат за помалку од еден месец статуата, лоцирана во парк на југот на Амстердам, да биде цел на напад, забележа локалната телевизија АТ5, која прв ги добила фотографиите.
@nosstories Het is de tweede keer in korte tijd dat het beeld van Anne Frank is beklad. #AnneFrank #bekladding #NOSStories ♬ origineel geluid - NOS Stories
Информацијата ја потврди портпаролот на полицијата во Амстердам, контактиран од АФП.
Како што информираат од АТ5, таа статуа веќе била урната на 9 јули, а општината тогаш побарала зголемена заштита, камера за видео надзор и ноќно осветлување.
Статуата е повторно оштетена веројатно оваа ноќ. „Истрагата е отворена, осомничениот се уште не е идентификуван“, изјави портпаролот на полицијата за AFP.
Од почетокот на војната во Појасот Газа, има се повеќе антисемитски инциденти ширум светот, особено во Холандија.
Ана Франк е една од важните личности на еврејската заедница во Холандија, жртва на холокаустот, во кој во тоа време беа убиени околу 75 отсто од околу 140.000 Евреи во земјата. Нејзиниот дневник стана една од најнезаборавните приказни за холокаустот.
Во Амстердам, постои музеј основан во куќата каде Ана Франк и нејзиното семејство се засолниле две години за да се обидат да избегаат од нацистите, пред да бидат откриени на 4 август 1944 година.
Ана Франк најпрво била депортирана во транзитниот камп Вестерборк во Холандија, а потоа префрлена во Аушвиц и Берген-Белзен, каде што починала од тифус во 1945 година на 16-годишна возраст.