Шефот на полицијата на Северна Ирска (ПСНИ) Сајмон Бирн рече дека полицајците ќе бидат распоредени по главните рути за да се справат со какви било потенцијални закани, полициска стратегија што не се користи со години, објави Скај њуз.
Потпретседателот на Владата на Република Ирска, Мајкл Мартин, говорејќи во Белфаст, ја осуди заканата од терористички напад, нарекувајќи ја „злосторство од најлоша форма“, а организаторите на нападот „многу зли луѓе“.
Британските медиуми наведуваат дека овој напад би можеле да го изведат републикански дисиденти.
Предупредувањето доаѓа неколку дена пред пристигнувањето на американскиот претседател Џо Бајден во Белфаст.
Фокусот на неговото патување ќе биде 25-годишнината од Договорот од Велики петок, кој годинава се паѓа на 10 април.
Договорот од Велики петок и дава на Северна Ирска широка автономија во рамките на Велика Британија, а на Република Ирска можност, во согласност со Договорот, да ги презентира своите ставови и предлози во однос на овој ентитет и островот.
Бајден ќе го посети и Даблин и некои други места.
Британскиот МИ5 неодамна го подигна нивото на закана од тероризам на „високо“, што значи дека нападот е многу можен.