Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Почна судењето на „Граѓаните на Рајхот“, кои планирале нацистички преврат во Германија

21 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како што пренесува „Би-Би-Си“, во тек се судењата на групата „Граѓаните на Рајхот“, а нивните водачи допрва треба да се појават пред судиите.

Заговорниците смислиле план за насилно соборување на германската влада. Инспекторите тврдат дека теоретичарите на заговор верувале дека земјата треба да биде управувана од „длабоката држава“. За денеска во Франкфурт било закажано рочиште, кое е дел од најважното од трите судења по серијата рации што беа спроведени низ Германија во 2022 година.

Случајот се смета за многу значаен поради неговата големина и потенцијалните сознанија што може да ги даде во екстремно десничарските мрежи. „Граѓаните на Рајхот“ претставува група која ја негира легитимноста на модерната германска држава, тврдејќи дека таа е основана од сојузничките сили по Втората светска војна.

Домашното разузнавање проценува дека околу 23.000 луѓе припаѓаат на движењето, кое се залага за антисемитски ставови и има „висок афинитет за оружје“. „Граѓаните на Рајхот“ планирале да упаднат во националниот парламент, Бундестагот и да ги уапсат пратениците на таканаречениот „Ден Х“. Во обвинението се наведува и дека групата имала дискусија за тоа дали смртта на британската кралица Елизабета Втора била таен сигнал или поттик за акција.

На судењето големо внимание ќе привлече Хајнрих XIII, принцот од Ројс, поранешен магнат за недвижности од Франкфурт, кој е наследник на познато германско аристократско семејство. Седумдесет и двегодишникот одржувал состаноци на „централниот совет“ во својот дом на истокот на земјата, а требало да биде поставен за шеф на државата по извршувањето на државниот удар.

Според обвинението, тој е одговорен за мировните преговори со сојузниците - го посетил рускиот конзулат во Лајпциг, како дел од напорите да воспостави контакт со властите во Москва. На судењето ќе се појави и поранешната судијка и пратеничка на екстремната десница Алтернатива за Германија (АфД), Бригит Малсак-Винкеман.

Обвинителството тврди дека таа го користела нејзиниот пристап до парламентот за да ги „прошверцува“ заговорниците во забранета област, а била одговорна и за правосудниот сектор во „централниот совет“ на заговорниците. Планот на „Граѓаните на Рајхот“ бил да ги реорганизираат политичките структури во Германија и да ги преземат институциите на федерално и локално ниво. Тие биле свесни дека за државен удар ќе биде неопходно крвопролевање.

„Централниот совет“ требало да ја има главната улога во владата, додека „военото крило“, составено од 286 единици, требало да биде задолжено за одржување на јавниот ред и мир. Групата имала пристап до голем арсенал оружје, вклучувајќи муниција и друга воена опрема. Имале буџет од околу половина милион евра. Со текот на времето, членовите на групата биле сѐ повеќе изолирани од надворешниот свет.

Јан Ратје, виш истражувач во ЦеМАС, агенција која го истражува екстремизмот, тврди дека заговорничкото, суверенистичко движење можеби е резултат на поранешните нацисти за повторно формирање на националсоцијалистичкиот германски Рајх.

„Граѓаните на Рајхот се насилна, екстремно десничарска група која е опасно потценета. Луѓето секогаш мислат дека се луди луѓе кои пишуваат луди писма до владата“, вели Ратје и продолжува:

„Дури и да не им успеат плановите, може да има сериозни последици.“

Поради големината, судењето на заговорниците ќе се одржи во три града - Штутгарт, Франкфурт и Минхен.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ