Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Хонг Конг: 14 месеци затвор поради протестен слоган на маица

19 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тој беше обвинет за извршување на дело со бунтовничка намера, а казната е изречена поради тоа што на 12 јуни оваа година носел маица со натпис „Ослободете го Хонг Конг, револуција на нашето време“. Овој слоган беше популарен на антивладините протести во 2019 година.

Властите тврдат дека слоганот имплицира отцепување на Хонг Конг од Кина, што е црвена линија за Пекинг.

Обвинителството го обвини Чу за ширење омраза и незадоволство кон уставниот поредок. Судот нагласи дека ова е вторпат Чу да биде осуден поради вакво дело оваа година. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ