Времето ги погодува главните производители на пченица, пченка, маслиново масло и овошје.
Сицилија стана епицентарот на оваа криза, со голем дел од нејзиното производство на пченица под закана, сточната храна е сериозно погодена и резервите на вода се критично ниски. Земјоделците од Сицилија изјавија за Асошиетед прес дека доколку продолжат овие услови, ќе мора да ги продадат своите животни.
Овој медитерански остров игра голема улога во производството на типот на пченица што се користи во италијанските тестенини, бидејќи 20 проценти од италијанската тврда пченица се произведува таму. Се проценува дека како последица на сушата производството на пченица паднало и до 70 отсто.
Исто така тешко погодено, во Сицилија и на други места, е производството на овошје, при што повисоките цени ја одразуваат новата реалност. Доколку продолжат временските услови, експертите предупредуваат дека постои реална опасност овој остров да се претвори во нето увозник на прехранбени производи.
Но, топлите и суви услови влијаат на целиот Медитеран, но и пошироко. Не само што традиционалните производители на маслиново масло, како што се Грција, Италија и Шпанија, сметаат дека нивното производство е загрозено, туку и другите маслинари, како што е Романија.
Производството на пченка и сончоглед во оваа земја исто така се соочува со критични закани, при што температурите достигнуваат и до 40 степени Целзиусови. Романската влада предупреди дека во тој случај и земјата ќе се соочи со прекини на електричаната енергија.
Екстремни горештини ја погодија и Украина. На производството и извозот на пченица дополнително влијаеа температурите кои достигнаа 38 Целзиусови; се наведува дека производството на пченица е намалено за најмалку 20 отсто, а најмногу за 30 отсто.
Пустошењата од климатската криза, се разбира, се протегаат и надвор од Европа, влијаејќи на повеќе основни производи, како што е кафето.
Но, има и глобални победници од преовладувачките временски услови. Главна е Индија, каде што се очекува обилните дождови да го поттикнат производството на ориз и соја, пишува Екатимерини.