Кралот Чарлс III е крунисан во Вестминстерската опатија. Чинот го изврши надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, а тој чин всушност е најважниот дел од самата церемонија. Инаку, за прв пат по седум децении, официјално е крунисан нов британски монарх.
Чарлс е крунисан заедно со Камила, кралицата-сопруга, и е 40-тиот владејачки монарх крунисан таму од 1066 година.
Официјалната церемонија започна во 10:20 часот по локално време, со поворка од Бакингемската палата преку плоштадот Трафалгар и покрај Парламентот до Вестминстерската опатија, каде што кралската кочија пристигна околу 11 часот.