Дејвид Бекам проговори за пореметувањето со кое се бори: Ноќе работам само едно (ВИДЕО)

28.04.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дејвид Бекам проговори за пореметувањето со кое се бори: Ноќе работам само едно (ВИДЕО)

Меѓу другото, тој ќе открие сѐ за неговата борба со опсесивно-компулсивното нарушување, кое го држи буден со часови во текот на ноќта, пишува Дејли Меил.

47-годишната фудбалска ѕвезда и претходно признал дека предметите мора да ги држи во права линија или во пар. Сега тој откри како останува буден навечер да чисти додека неговото семејство спие.

“Кога сите одат во кревет, јас одам низ куќата и чистам. Ги чистам свеќите, ги ресетирам прекинувачите за светло, внимавам сѐ да е уредно. Мразам да се будам во неред. Го сечам восокот за свеќи, го чистам стаклото”. откри тој.

Тој објаснил дека бил свесен дека неговото однесување е чудно и признал дека се скарал со сопругата Викторија бидејќи таа не го оставила садот за сол на предвиденото место.

Да потсетиме, минатото лето Нетфликс го најави снимањето на документарен серијал во кој Бекам ќе открие се за неговите скромни почетоци и успехот што следел. Документарецот ќе содржи приватни архивски снимки и интервјуа со членови на неговото семејство и други важни луѓе од неговиот живот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата