Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Србин прегазил пешаци на автопат близу границата меѓу Србија и Хрватска, цела ноќ блокада

4 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Откриени се сите детали за несреќата поради која од синоќа беше блокиран за сообраќај автопатот Загреб- Белград, а стотина возачи ја пречекаа зората во колона, објави Индекс.

Несреќата се случила околу 23 часот, на магистралниот пат Брегана-Липовац во правец на граничниот премин Бајаково, во неа загинале две лица, а според полицијата во несреќата учествувал и српски државјанин.

„Истрагата утврдила дека до несреќата дошло кога двајца мажи се движеле како пешаци по јужната коловозна лента на автопатот А3, иако на автопатот се забранети пешаци, а на нив налетал 50-годишен државјанин на Србија со автомобил со риечки регистарски таблички“, соопшти полицијата.

Потоа, во телата на двајцата мажи, исфрлени на патот, удриле две возила со германски ознаки управувани од 33-годишен маж и 38-годишна жена, германски државјани, кои се движеле зад Србинот.

Загинаа двајцата пешаци, а полесно е повреден 49-годишен државјанин на Србија, сопатник во автомобил со риечки регистарски таблички“, се вели во соопштението.

Од тројцата возачи се земени примероци од крв и урина за да се утврди присуство на алкохол во телото, а возилото на 50-годишникот е привремено одземено за вештачење.

Телата на жртвите се пренесени во Националната меморијална болница „Др. Јурај Њавро“ во Вуковар со цел да се изврши обдукција и легитимирање.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ