Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Мило Ѓукановиќ поднесе оставка на лидерското место во ДПС

5 април 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

РТЦГ вечерва соопшти дека в.д. претседател на партијата до конгресот ќе биде Данијел Живковиќ, актуелниот шеф на пратеничкиот клуб на ДПС во црногорскиот парламент.

Ѓукановиќ на чело на ДПС е од 1998 година. За време на неговото претседателствување со таа партија четири пати беше црногорски премиер и два мандата претседател на Црна Гора.

Тој во неделата беше убедливо поразен на претседателските избори од Јаков Милатовиќ, кандидатот на движењето „Европа сега“ кој освои 60 отсто од гласовите на гласачите.

Ѓукановиќ ќе остане на функцијата претседател на Црна Гора до 20 мај, кога ќе се одржи инаугурацијата на новиот претседател. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ